Достапни линкови

logo-print

Серија експлозии во кинескиот регион Сианџианг


Најмалку две лица загинале, а повеќе се повредени во серијата експлозии во кинескиот западен регион Сианџианг, јавија државните медиуми. Експлозиите се случиле вчера на три локации во областа Лунтаи, која се наоѓа во централен Сианџианг, на 360 километри од главниот град Урумки. Во Сианџианг насилствата се во пораст во последните месеци, а за тоа се обвинуваат милитанти од регионот во кој живее етничката група Ујгури, кои бараат ослободување од кинеското владеење.

XS
SM
MD
LG