Достапни линкови

Вселенскиот брод МАВЕН влезе во орбитата околу Марс


Вселенскиот брод на НАСА влезе во орбитата околу Марс, по 10-месечно патување. Американската вселенска агенција соопшти дека МАВЕН ги активирал своите сопирачки ракети денеска, откако летал над северниот пол на планетата. Контролорите на летот ќе ги искористат наредните 6 недели за регулирање на положбата на МАВЕН и за проверка на неговите научни инструменти. Потоа тој ќе почне да ја истражува горната атмосфера на Марс.

Научниците веруваат дека атмосферата содржи одговори за тоа како соседот на планетата Земја од топол и влажен пред неколку милијарди години, сега станал студен и сув.

XS
SM
MD
LG