Достапни линкови

logo-print

Во администрација или во странство за намалување на невработеноста


Европската комисија забележува дека јавниот сектор е најголемиот работодавач, има мала активност на пазарот на труд и бавно се модернизира Агенцијата за вработување, како и дека има високо ниво на неформално вработување.

Иселувањето и полнењето на администрацијата во последните неколку години ја намалуваат невработеноста во земјава, но и покрај тоа стапката на невработеност од над 28 отсто и натаму е меѓу највисоките во Европа. Беа спроведени владините планови и програми за отворање на сопствени бизниси, обуки, субвенции за вработување, програми за практикантство, но се чини дека бројот на невработени е намален најмногу поради вработувањата во државната администрација.

Намалувањето на невработеноста се должи на фактот дека имаме интензивен одлив на работоспособни луѓе во странство, преку манипулации со статистичките податоци и вработувања во државната администрација, со што повторно се товарат граѓаните со даноци.

На тоа укажува и Европската комисија во извештаите за напредокот на земјава, каде критиките се упатени кон тоа дека јавниот сектор е најголемиот работодавач, кон малата активност на пазарот на труд и бавната модернизација на Агенцијата за вработување. Нотирано е дека најголеми предизвици во оваа област се високата невработеност кај младите и високите нивоа на неформално вработување.

Илустрација.

Илустрација.

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, не очекува намалување на високата стапка на невработеност во блиска иднина, а владините политики за отворање на нови работни места смета дека не даваат добри резултати.

Не се отвораат фабрики, ништо не функционира како што треба во оваа држава! Јас сум еден од невработените и тука не гледам иднина. Барам работа и не наоѓам, се знае дека сè е политика.

„Во последниве години, иако беше најавена економската политика ориентирана кон отворање на нови работни места, кон привлекување на странски инвестиции и стимулирање на домашната акумулација за нови работни места, за жал во практика се води една одвратна политика“, вели тој.

Главните причините за намалената невработеност во последниот период, Хајредини ги гледа во вработувањата во државната администрација и преку манипулации со статистичките податоци.

„Намалувањето на невработеноста се должи на фактот дека имаме интензивен одлив на работоспособни луѓе во странство, преку манипулации со статистичките податоци и вработувања во државната администрација, со што повторно се товарат граѓаните со даноци“, вели Хајредини.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме не веруваат во скоро подобрување на ситуацијата и се жалат дека тешко се наоѓа работа, но има и такви кои веруваат дека владините политики покажуваат доби резултати.

„Не се отвораат фабрики, ништо не функционира како што треба во оваа држава! Јас сум еден од невработените и тука не гледам иднина. Барам работа и не наоѓам, се знае дека сè е политика“, вели млад жител на Скопје.

„Владата во последниве години покажува добри резултати и тој процент на невработеност се намалува. Има сè повеќе странски инвестиции во бесцаринските зони и мислам дека секоја година ќе биде подобро и подобро.“

„Работата малку се решава на популистички начин со вработувања во администрацијата и тоа е уште поголемо оптоварување за стопанството. Се очекуваат нови инвестиции, меѓутоа и тука има слабост во делот на обесправените вработени кои имаат многу помали приходи во отсуство на вистинската улога на синдикатот да го заштити нивното право“, велат анкетираните граѓани.

Иако вработеноста бележи тренд на пораст, Македонија и натаму е земја со многу ниска стапка со 46,4 отсто вработени работоспособни граѓани. Состојбите опширно ги анализира Марија Бошевска од левичарското движење „Солидарност“ во своето истражување „Политиките на пазарот на труд и сиромаштијата во Македонија“, каде посочува дека невработеноста, особено кај младите, е последица на големата неактивност на пазарот на труд, тешкиот пристап до прво вработување и несовпаѓање на нивниот образовен профил со потребите на пазарот.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG