Достапни линкови

logo-print

Aнтивоени маршеви поради улогата на Русија во Украина


Илјадници луѓе се собраа во Санкт Петербург и Москва за да учествуваат на антивоените демонстрации против улогата на Русија во кризата во источна Украина. Во Санкт Петербург имаше неколку илајди луѓе додека стотици беа во Москва на плоштадот Пушкин. На плоштадот во Москва дојдоа и поддржувачите на про-руски сепаратисти кои одржаа контрапротест.
Александар Риклин од опозициското движење "Солидарност" кажа дека мотото на маршот е "Путине доста е со лаги и поттикнување војни!"
Маршевите се совпаѓаат со годинешниот Меѓународен ден на мирот на ОН.

XS
SM
MD
LG