Достапни линкови

„Скици 2014“ – заложби за континуирано претставување на цртежот


Девет кумановски сликари ги претставија своите дела на биеналната изложба „Скици 2014“ што во петокот, на 19 септември, беше отворена во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Станува збор за обид за континуирано презентирање на цртежот какао заеднички именител на неколку генерации од тамошните творци и за постановка која е предвидено да ја види и ликовната публика во уште неколку градови во земјава.

Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Александар Симоновиќ - Симо, Марија Величковска, Дејан и Зоран Арсовски - Бабата, Далибор Крстевски и Наташа Петковска се деветте кумановски уметници чии дела се претставени на биеналната изложба на цртеж „Скици 2014“.

Оваа изложба е еден навистина интересен проект на Домот на културата особено затоа што во последно време се чувствува некое занемарување на цртежот како ликовна дисциплина иако секому му е јасно дека цртежот е темел на ликовната уметност.

Самата идеја за актуализација на цртежот потекнува од 2006 година и оттогаш овој проект на Н.У Центар за култура „Трајко Прокопиев“, на секои две години, со нова постановка се обидува да направи пресек на творештвото на тамошните сликари во овој домен. Згора на тоа, ова е еден од ретките проекти којшто го промовира цртежот како ликовна дисциплина која е малку присутна во галериските простори на државно ниво.

„Оваа изложба е еден навистина интересен проект на Домот на културата особено затоа што во последно време се чувствува некое занемарување на цртежот како ликовна дисциплина иако секому му е јасно дека цртежот е темел на ликовната уметност.

Она што е карактеристично за сите автори - учесници во проектот “Скици 2014“ е континуитетот во нивните цртачки истражувања и формираниот препознатлив стилски израз.

Без разлика дали се работи за архитект, вајар или сликар, сепак цртежот е онаа појдовна основа од која што се создава едно дело. Интересно е и тоа што манифестацијата е добро прифатена не само од публиката во Куманово, туку и секаде онаму каде што во нејзини рамки сме се претставувале досега“, вели Борис Кукуњавски, уметникот кој во декември минатата година во Галеријата на Музејот на градот имаше своја самостојна изложба на која претстави 100-на цртежи работени во изминатата половина декада.

Од друга страна, Роберт Цветковски, историчар на уметноста, еден од иницијаторите за ваквото биенално претставување и куратор на „Скици 2014“, забележува дека од година во година раснело нивото на презентираните материјали и дека уметниците се понагласено го истакнувале својот цртачки концепт во кој што цртежот добивал јасни карактеристики на еден самостоен независен ликовен труд финализиран и комплетиран од аспект на цртачко-колористичката реализација. Тој потенцира дека тие обиди на уметниците своите цртежи да ги претстават како заокружен ликовен артефакт довеле до многу комплексни сцени со многу елементи, иновативни колористички решенија и експресивно структуирани сцени со необични композициско - просторни решенија.

„Она што е карактеристично за сите автори - учесници во проектот “Скици 2014“ е континуитетот во нивните цртачки истражувања и формираниот препознатлив стилски израз. Индивидуалноста доминира во понудените трудови и токму тој ранообразен пристап во однос на идејата, концептот и избраната техника е најголемата вредност на оваа изложба како и можноста на публиката и критиката за откривање на огромниот потенцијал на цртачките техники во смисла на богатството на изразот. Индивидуалноста доминира во понудените трудови и токму тој ранообразен пристап во однос на идејата, концептот и избраната техника е најголемата вредност на оваа изложба како и можноста на публиката и критиката за откривање на огромниот потенцијал на цртачките техники во смисла на богатството на изразот.“

Организаторите на изложбата не се сомневаат во убавиот прием на „Скици 2014“ кај кумановската публика и очекуваат таквиот интерес за оваа постановка да се повтори и во градовите каде што ќе биде претставувана. Досега веќе се договорени гостувањата во Штип и во Струмица, во план се и Кавадарци и Битола, а не е исклучено да ја видат и љубителите на ликовната уметност, посебно на цртежот, во уште неколку од поголемите регионални центри во Македонија.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG