Достапни линкови

Семејствата на Германците што настрадаа во Ми 17 најавуваат тужба


Семејствата на Германците кои загинаа при падот на малезискиот авион Mи 17 ќе поднесат тужба против Украина, изјави нивниот адвокат Елмар Гијемула.Адвокатот во нивно име ќе поднесе тужба за убиство од небрежност за 298 луѓе - сите патници од соборениот авион над источна Украина.
Секоја држава е одговорна за безбедноста на нејзиниот воздушен простор. Украина е виновна за штетата, дури и ако про руските сепаратисти го собориле авионот рече тој
Тужбата ќе биде поднесена пред Европскиот суд за човекови права во следните неколку недели во име на три германски семејства кои ги загубија своите роднини во трагедијата.
Малезискиот авион беше соборен на 17 јули, при што загинаа 298 лица, од кои повеќето беа холандските граѓани.

XS
SM
MD
LG