Достапни линкови

СДСМ:Груевски да прифати разговори за 5 те теми што ги предлагаат


Социјалдемократскиот сојуз укажува дека во интерес на граѓаните и на државата е Никола Груевски и неговата партија да ја прифатат реалноста во Македонија, чии креатори се тие, со двојните криминални избори.

Груевски знае дека сите меѓународни извештаи, вклучувајќи го и последниот конечен извештај на ОБСЕ/ОДИХР, ги потврдуваат ставовите на СДСМ: дека во Македонија не се знае што е партија, а што држава, дека нема слободни медиуми, дека е загрозена слободната волја на изразување на граѓаните.

Го повикуваме Никола Груевски да престане да мисли само на своите интереси со што нанесува штета на граѓаните и на државата, да се охрабри и да прифати разговори за сите 5 теми што ги предлагаат СДСМ и коалициските партнери како можност за излез од политичката криза.

XS
SM
MD
LG