Достапни линкови

logo-print

Разменети по 38 воени заробеници во источна Украина


Претставници на сепаратистите од Доњецк и украинските владини сили разменија по 38 затвореници. Размената е извршена синоќа во областа Константиновк,околу 60 километри јужно од градот Доњецк. Украинскиот претседател Петро Порошенко објави на Твитер дека биле ослободени 35 украински лица. Оваа размена доаѓа по состанокот на т.н. Контакт-група во Минск, на кој беше постигнат договор за создавање тампон зона и прекин на огнот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG