Достапни линкови

Во Авганистан потпишан договор за влада на национално единство


Двајцата авганистански кандидати за претседател Ашраф Гани и Абдул Абдула, денеска потпишаа договор за формирање влада на национално единство и поделбата на власта. До ова решение на спорот околу резултатите од изборите, кога и двајцата кандидати прогласија победа,дојде со посредство на САД и на Обединетите нации.
Претседателот Хамид Карзаи денеска им честиташе на двајцата и рече дека се надева оти Авганистан ќе доживее "мир и просперитет".Резултатите од изборите ќе бидат објавени подоцна во текот на овој месец.

XS
SM
MD
LG