Достапни линкови

logo-print

Папата Франциксо пристигна во Албанија


Папата Франциско денеска пристигна во Албанија, што претставува негова прва посета на земја во Европа каде католиците се малцинство.

Папата на тиранскиот аердором „Мајка Тереза“ пристигне во девет часот, каде беше пречекан од премиерот Еди Рама и високи претставници на католичката црква на Албанија.

Во единаесет часот ќе одржи свечена миса на плоштадот „Мајка Тереза“ на која ќе учествуваат и двајца кардинали, 18 епископи, 240 свештеници, 10 семинаристи и четворица ѓакони.

Посетата ја завршува во 20 часот, кога авионот полетува од тиранскиот аеродром.

Мобилизирани се околу 2.500 полицајци, кои ќе се грижат за добро одвивање на посетата под драконски безбедносни мерки.

Амбасадорот на Ирак во Ватикан, предупреди дека 77-годишниот Папа би можело да се најде во опасност од членовите на исламските земји, бидејќи Светата Столица ги поддржа американските воздушни напади врз милитантните цели во Ирак, што е редок исклучок во неговата мирољубива политика за решавање на конфликти.

XS
SM
MD
LG