Достапни линкови

Времето денеска:променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне со повеќе сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во текот на денешниот ден и утре во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер. Во претпладневните часови во вторник ќе има врнежи од дожд, наместа ќе бидат пообилни. Поголемо спуштање на температурата ќе се почувствува во вторник за околу седум до осум степени, а особено посвежо ќе биде во среда кога температурата ќе се спушти до пет степени.

XS
SM
MD
LG