Достапни линкови

logo-print

Вилнус:Состанок на НАТО


Шефовите на земјите членки на НАТО денеска се состануваат во Вилнус, главниот град на Литванија, каде што ќе разговараат за регионалната безбедност, како и ревизија на односите со Русија.

"Една од главните теми на денешната средба ќе бидат идните односи со Русија", рече данскиот генерал Кнуд Бартелс, шеф на Воениот комитет на НАТО.

Генералите ќе дискутираат за ситуацијата во Украина по потпишаниот договор за прекин на огнот меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти.

Генералите ќе ја разгледаат и ситуацијата во Сирија, а ќе зборуваат и за напредокот на планираното повлекување на НАТО од Авганистан,што треба да заврши до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG