Достапни линкови

logo-print

Во Доњецк напади по договорот за прекин на огнот


Во источна Укарина денеска е пријавено дека имало насилства неколку часа откако беше постигнат новиот договор на разговорите во Минск меѓу украинската влада и про-руските сепаратисти. Договорот за прекин на огнот постигнат меѓу претставници од Русија, Украина, про-руските сепаратисти и ОБСЕ има девет одредби. Тие вклучуваат забрана за поставување нови минско експлозивни препреки во конфликтните зони и забрана за разместуавње на тешко наоруживање и воена техника во населените места.Во меѓувреме украинската војска соопшти дека нивните војници биле нападнати во една област во провинцијата Доњецк. Во Доњецк денеска одекнале и неколку силни експлозии во една фабрика за муниција. Локален официјален претставник, изјави дека експлозиите биле предизвикани од артилериска школка, но не е јасно кој ја запалил.


XS
SM
MD
LG