Достапни линкови

Црвено предупредување во Хрватска, портокалово во БиХ


Невреме, проследено со врнежи и грмотевици се прогозира денеска за речиси целата територија на Хрватска и Босна и Херцеговина, поради што во Хрватска е издадено црвено предупредување на метеоаларм, а за поголемиот дел од БиХ портокалово.

Во Хрватска најголемо невреме е прогнозирано за Истра, Кварнер и Далмација. На овие подрачја се очекуваат врнежни од повеќе од 70 литри на квадратен метар, а во Далмација ќе им има силна бура.

Силното наоблачување од запад денеска ќе предизвика дожд и грмежи и во БиХ.

Поројни дождови се очекуваат во Херцеговина, западните и централните подрчја на Босна поради што е издаден портокалов метеоаларм за поголемиот дел од БиХ.

XS
SM
MD
LG