Достапни линкови

Тирана: подготовки за посетата на Папата Франциско


Албанските власти ги вршат последните подготовки пред утрешната посета на Папата Франциски за која се преземени опсежни безбедносни мерки. Долж патот од аеродромот Мајка Тереза до центарот на Тирана се поставени албански знамиња и знамиња на Ватикан.По повод посетата на Папата поштата издаде марка со неговиот лик, а трговците нудат сувенири. По должината на булеварите во Тирана се поставени паноа со портрети на 40 маченици на албанската католичка црква за кои во Ватикан во тек е процес на канонизација започнат во 2002 година. Околу 2 500 полицајци ја обезбедуваат посетата на Папата а на сила се и вонредни безбедносни мерки.


XS
SM
MD
LG