Достапни линкови

Триесет дневен притвор за косовските имами


Основниот суд во Приштина им изрече мерка притвор во траење од триесет дена на дванаесетте косовските имами, кои беа приведени во средата,јави МИА.

Во затворски притвор е и имамот на големата џамија во приштина, Шефќет Красниќи,а идентична мерка им е изречена и на другите три лица, кои беа притворени во истата акција. Меѓу нив е лидерот на партијата ЛИСБА, Фуад Рамиќи.

Обвиненито ги товари за учество во терористички групи, потикнување омраза, регрутирање и испраќање лица на боиштата во Сирија и Ирак.

Во знак на солидарност со уапсените имами вчера попладне преку социјалните мрежи се повикуваше на протест во Приштина, но муфтијата на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава ги повика граѓаните да не протестираат и да им веруваат на органите на правдата

XS
SM
MD
LG