Достапни линкови

logo-print

Во Украина пристигна третиот конвој од Русија


Русија го достави третиот конвој со помош во источниот дел на Украина кој е под контрола на бунтовниците, соопшти Министерството за вонредни ситуации. Портпаролот Александар Дробишевски, изајви дека со конвојот со околу 200 камиони во Доњецк се однесени храна, генератори, лекови, и флаширана вода. Испраќањето на претходните два конвоја предизвика остри негодувања на украинските власти.Според руските медиуми, Русија неколку пати побарала од украинските власти и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да извршат увид во товарот на границата , но тие тоа го одбиле без причини. Првиот руски хуманитарен конвој влезе во Украина кон крајот на август,а вториот конвој пристигна пред една недела.

XS
SM
MD
LG