Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност повикува за подршка на владата во Ирак


Советот за безбедност на ОН изрази поддршка за новата ирачка влада, која се бори против милитантите од Исламистичката држава. Американскиот државен секретар Џон Кери кој претседаваше со состанокот на Советот изјави дека Ирак одговорил на заканата од милитантите "со дух на единство." Тој рече дека милитантите од Исламската држава имаат визија да ги убиваат оние што им стојат на патот и дека секоја држава треба да се вклучи во борбата против нив, вклучувајќи го и Иран. Екстремистичката група контролира големи делови во Ирак и во соседна Сирија.Нивните активисти наведоа дека окупирале 60 курдските села во близина на турската граница во текот на изминатите два дена.

XS
SM
MD
LG