Достапни линкови

logo-print

Во Ирак ослободени турските заложници


Во Ирак се ослободени 49 турски државјани кои во јуни беа земени како заложници од милитантите на Исламската држава, соопшти денеска премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.

Давутоглу рече дека заложниците биле безбедно донесени во Турција.Турските државјани беа заробени на11 јуни кога милитантите од Исламската држава го презедоа турскиот конзулат во градот Мосул на северот на Ирак.Меѓу заложниците беа турскиот конзул Озтурк Јилмаз и неговата сопруга, повеќе дипломати, нивните деца како и турски војници. Давутоглу не наведе детали за нивното ослободување но кажа дека ослободувањето е дел од планирана акција на Службите за разузнавање.

XS
SM
MD
LG