Достапни линкови

Времето денеска:претпладне сончево,попладне облачно


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево. Попладне ќе има делумно зголемување на облачноста, особено во источните региони и ќе има услови за локален краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне умерено облачно, а ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Утре и во понеделник и натаму во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретка појава на грмежи.

Во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови ќе има и врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Максималната температура во вторник на повеќето места ќе биде за околу 10 степени пониска во однос на претходните денови.

XS
SM
MD
LG