Достапни линкови

Турција ја отвори границата за курдите од Сирија


Турција денеска ја отвори границата за 4 илјади курди кои бегаат од милитантите на Исламската држава на северот на Сирија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Неколку денови на границата се собираат курдски бегалци, а Турција одбиваше да ги прими, нудејќи им помош на сириска територија. Турција од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година прими над милион ипол бегалци.

XS
SM
MD
LG