Достапни линкови

logo-print

Министерот Попоски се сретна со британскиот дипломат Џенкинс


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и проширување во британското МНР, Овен Џенкинс. Како што соопшти кабинетот на Попоски, двајцата соговорници размениле мислења за внатрешно политичките состојби во земјата, како и за придонесот на Македонија во унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка. Британскиот дипломат ја потврдил принципиелната поддршка на Обединетото Кралство за интегративните процеси на Македонија во Европската унија и НАТО.

XS
SM
MD
LG