Достапни линкови

logo-print

Германија: Македонија, Србија и БиХ, безбедни земји


Горниот дом на германскиот парламент денеска ги усвои измените на законот за азил со кои Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се квалификуваат како безбедни држави. Тоа значи дека бегалците од овие земји ќе можат побрзо да се испраќаат назад во својата татковина, односно побрзо да се процесуираат нивните барања за азил во Германија. Годинава во Германија се поднесени околу 100 илјади барања за азил што е за 60 насто повеќе од минатата година. Од јануари до август вакви барања поднесоа над 14 илјади граѓани на Србија, скоро 5 ипол илјади од Македонија и околу 5 пет илјади од Босна и Херцеговина. Пред Бундесратот овој закон беше усвоен и од долниот дом на парламентот, Бундестагот.

XS
SM
MD
LG