Достапни линкови

ЕУ го поздрави резултатот од референдумот во Шкотска


 Жозе Мануел Баросо

Жозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо оцени дека шкотското отфрлање на независноста од Обединетото кралство ќе помогне во градењето на обеденета, отворена и силна Европска унија. Тој најави дека Комисијата ќе продолжи да се ангажира во дијалогот со шкотската влада во областите кои се под нејзина надлежност како вработувањето и животната средина. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, поздравувајќи ја одлукта на Шкотска наведува дека Велика Британија останува важна членка на Европската унија.

XS
SM
MD
LG