Достапни линкови

Отсуството на дијалог води до поларизација и изолација


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште стојат на сосема различни позиции. Тоа може да доведе до посилна внатрешна поларизација и меѓународна изолација

Се уште е неизвесно дали во некаква форма ќе продолжи политички дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во обид да се надмине политичката криза до која дојде по изборите одржани во април. И покрај информациите во јавноста дека поради засилениот притисок од Брисел претставниците на двете парии ќе се обидат наскоро да го обноват дијалогот, од СДСМ велат дека ако имало какво било поместување јавноста ќе била известена од нивна страна, а дотогаш се друго било шпекулација.

Ова ќе стане практика во Македонија, а не е добро, воопшто не е добро, затоа што, заради прашања кои се одамна поминати пред половина година, кога беа изборите, да не можеме да оствариме еден реален политички дијалог или консензус по било кое прашање.

Застојот во дијалогот според универзитетскиот професор Никола Дујоски засега не предизвикува некакви посериозни последици на внатрешен план, но на подолг рок може да има негативно влијание, оти партиите стојат на сосема различни позиции кои би можеле да предизвикаат и посилна поларизација меѓу нивните поддржувачи.

Обиди за политички дијалог, 24 јуни 2014.

Обиди за политички дијалог, 24 јуни 2014.

„Ова ќе стане практика во Македонија, а не е добро, воопшто не е добро, затоа што, заради прашања кои се одамна поминати пред половина година, кога беа изборите, да не можеме да оствариме еден реален политички дијалог или консензус по било кое прашање. Ние сега засега се уште сме во консензус за прашањето по однос на Грција, но еве сигналите кажуваат дека нешто може и да се промени. Вака поларизирани Македонците меѓу себе нема ќе успеат да поддржат ниту една таква политика, ни на едната, ниту на другата опција.

Тоа не се гледа, меѓутоа имаме изолација, бидејќи меѓународната заедница е сериозна, таа сака една европска Македонија, не сака Македонија со менталитет од минатиот век.

Аналитичарот Арсим Синани воопшто не е оптимист дека може да има раздвижување околу политичкиот дијалог. Според него пат тоа веќе има последици и на меѓународен план.

„Тоа не се гледа, меѓутоа имаме изолација, бидејќи меѓународната заедница е сериозна, таа сака една европска Македонија, не сака Македонија со менталитет од минатиот век“, вели Синани.

Според Дујоски пак засега ваквата домашна ситуација нема влијание и надвор но конкретно посочува да се почека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кој според најавите ќе биде објавен на осми идниот месец. Ова малку време што им останува на партиите да го раздвижат дијалогот не може да измени во извештајот смета Дујоски.

„Извештајот е затворен, тој во вторникот е затворен. Периодот до објавувањето е потребен за да се сумираат резултатите. Тоа што од денеска ќе се случува до наредниот септември ќе биде нотирано во извештајот за наредната година“, вели Дујоски.

Инаку неодамна и портпаролот на Европската комисија Петар Стано рече дека додека она за што е загрижена Европската комисија не добие соодветно внимание во Македонија, како што е слободата на медиумите или политичкиот дијалог, многу е тешко да ѝ се помогне на земјата да напредува.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG