Достапни линкови

НАТО го поздрави резултатот од референдумот во Шкотска


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека целосно го почитува изборот на граѓаните на Шкотска за отфрлање на независноста. Тој изрази увереност дека Британија ќе продолжи да игра водечка улога во, како што рече, „зачувувањето на силата на Алаијансата“. НАТО сојузниците беа загрижени дека поделбата на Обединетото кралство чии подморници со нуклеарно оружје се на бреговите на Шкотска, ќе ја ослаби Алијансата. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека му олеснило откако ги слушнал резултатите од референдумот. На европските берзи пак денеска пораснаа акциите по неколкунеделната несигурност меѓу инвеститорите. Британската фунта постигна највисока вредност спрема еврото во изминативе две години.

XS
SM
MD
LG