Достапни линкови

Австралија: џихадисти планирале напади врз парламентот


Австралиските власти денеска соопштија дека земјата го подигнува степенот на безбедноста на парламентот откако 15 луѓе осомничени за поддршка на бунтовниците од Исламска држава се приведени во земјата. Премиерот Тони Абот рече дека имало разговори меѓу тие мрежи за напаѓање на владини претставници. Тој рече дека една од целите бил австралискиот парламент и затоа тие биле во процес на зголемување на безбедноста на зградата на парламентот во Канбера. Тој зборуваше по вчерашната акција во Сиднеј и Бризбејн за приведување на осомничените во која учествуваа околу 800 полицајци.

XS
SM
MD
LG