Достапни линкови

logo-print

Автомобили бомби експлодираа во Багдад,19 загинати


Најмалку 19 луѓе загинаа, а околу педесетина се повредени кога во претежно шиитски кварт во Багдад екслодираа три автомобили бомби. Ирачките безбедносни власти соопштија дека два автомобили бомби биле детонирани во Кадимија а еден екслодирал во областа Тобша.
Портпаролот на ирачкото министерство за внатрешни работи рече дека безбедносните сили ја обезбедиле областа и дека двајца како што ги нарече терористи се уапсени. Бунтовниците од Исламска држава кои заземаа големи делови од западен и северен Ирак последниве месеци ја преземаа одговорноста за досега неколку самоубиствени бомбашки напади во Багдад.

XS
SM
MD
LG