Достапни линкови

Шкотска изгласа „не“ за независноста


Резултатите од вчерашниот референдум во Шкотска покажуваат дека повеќето граѓани се за останување во Обединетото кралство. На прашањето: „Дали Шкотска треба да биде независна држава“ 55 отсто од гласачите одговориле негативно, додека 45 отсто позитивно. Одѕивот на гласачите беше висок, околу 85 проценти.

Алекс Салмонд, лидерот на Шкотската Национална партија која го покрена референдумот го призна поразот наведувајќи дека Шкотска решила барем засега да не се одвојува од Обединетото кралство.

Како и илјадниците други во земјава ги дадов душата и срцето во оваа кампања и сега имам чувство на разочараност бидејќи за малку не успеавме да обезбедиме поддршка за независноста.

Тој додаде дека очекува Лондон брзо да ги исполни своите ветувања за давање поголеми овластувања на Шкотска.

Претходно и неговиот заменик Никола Стургеон го призна поразот на референдумот, велејќи:

„Како и илјадниците други во земјава ги дадов душата и срцето во оваа кампања и сега имам чувство на разочараност бидејќи за малку не успеавме да обезбедиме поддршка за независноста“, изјави тој.

Британскиот премиер Дејвид Камерон пак, му упати честитки на предводникот на кампањата против независноста на Шкотска Алистер Дарлинг.

Анкетите пред историското гласање покажауваа дека таа кампања неколку денови пред одржувањето на референдумот успеала да обезбеди мала предност за оние што се за останување на Шкотска во Обединетото кралство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG