Достапни линкови

Средба Обама-Порошенко


Американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа синоќа се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко. Зборувајќи во Овалната соба по состанокот Обама ја осуди, како што ја нарече, руската агресија прво на Крим и неодамна во делови од источна Украина. Обама го пофали Порошенко за лидерството кое што како што оцени било критично во таков многу важен период за украинската историја. Тој наведе и дека САД ќе продолжат со поддршката на Украина да се најде дипломатско решение за кризата со која се соочува земјата.
Порошенко пак му се заблагодари на Обама за како што рече огромната поддршка на САД за Украина.
Двајцата претседатели дискутирале и за енерегтески прашања и за американскиот тим кој во Украина ќе отпатува следната недела за да ја оцени ситуацијата и потребите на земјата во пресрет на зимската сезона.

XS
SM
MD
LG