Достапни линкови

Франција во воздушните напади против ИД во Ирак


Претседателот на Франција Франсоа Оланд вчера рече дека неговата земја наскоро ќе почне со воздушни напади против бунтовниците од Исламска држава во Ирак. Зборувајќи на прес конференција тој рече дека одлучил да одговори на барањето на ирачките власти да понуди воздушна поддршка. Оланд нагласи и дека Франција нема да праќа војници и дека ќе интервенираат само во Ирак отфрлајќи ја можноста за воздушни напади против бунтовнциите на Исламска држава во Сирија. Франција веќе испрати пратки оружје и хуманитарна опрема во Ирак. Американскиот државен секретар Џон Кери ја позрадви одлуката. Во меѓувреме американската централна команда соопшти дека во вчерашните воздушни напади за првпат биле нападнати кампови за обука на Исламска држава.

XS
SM
MD
LG