Достапни линкови

Обама: благодарност за Конгресот и Франција за поддршката против ИД


Американскиот претседател Барак Обама вчера му се заблагодари на Конгресот за гласањето за помош во обуката и опремувањето на сириските бунтовниците кои се борат против Исламска држава и исто така и се заблагодари на Франција за понудата за помош во нападите на бунтовниците во Ирак. Обама рече дека Франција која е една од нивните најстари и најблиски сојузници ќе учествува во воздушните напади против ИСИЛ, поранешна кратенка од групата која сега се нарекува Исламска држава. Обама оцени и дека поддршката од конгресот им покажува на бунтовниците дека Американците се здружени во соочувањето со заканата од ИСИЛ кои убија многу невини цивили.

XS
SM
MD
LG