Достапни линкови

Времето денеска сончево и потопло


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаба утринска магла по одделни котлини. Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 22 до 28 степени. Во Скопје слично време. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, а во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

XS
SM
MD
LG