Достапни линкови

ЕП - стоп за изградбата на „Јужен поток“


Европскиот парламент на денешната пленарна седница во Стразбур усвои резолуција, со која бара поостри санкции кон Русија и стопирање на изградбата на гасоводот „Јужен поток“.

Со резолуцијата се изразува силна поддршка кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а од Русија се бара итно да ги повлече своите воени сили од земјата и да престане да ги поддржува проруските сили.

Гасоводот, чија изградба е во тек, според планот би требалo да минува низ Црното Море и Балканот и да звршува во Австрија, со што би се елиминирала потребата за транзит на гас низ Украина.

XS
SM
MD
LG