Достапни линкови

ПКК ги повика Курдите да се борат против ИСИЛ


Курдската работничка партија, која веќе три децении се бори за автономија на турските Курди, ги повика денеска младите Курди од Турција да се вклучат во борбата против џихадистичката група Исламска држава во северна Сирија.

Младите, треба да заминат во Ајн ал Араб и да земат учество во историскиот, благороден отпор, се наведува во соопштението на ПКК, објавено на нејзината веб страница.

XS
SM
MD
LG