Достапни линкови

Ново видео на милитантите на ИСИС со британски заробеник


Милитантите на Исламската држава објавија видео со британец за кој верува дека е нивни заробеник. Во видеото, човекот вели дека планира да објави серија на како што наведува програми на "вистината" за џихадистичката група која контролира делови од Ирак и Сирија. Човекот, идентификуван како Џон Кантли новинар на АФП, вели дека тој и други биле напуштени од владите на САД и Британија и прашува зошто толку сакаат нова војна. На видеото не се гледа закана по неговиот живот. Кантли е заробеник од Ноември 2012 кога патувал во Сирија. Милитантите на ИСИС досега убиеја три заробеници, еден британец и двакца американци.

XS
SM
MD
LG