Достапни линкови

Средба на Ахмети со евроамбасадорот Орав


Политичките случувања во земјава, законските измени, извештајот за напредокот и судскиот процес Монструм беа тема на разговор на денешната средба меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и евроамбасадорот Аиво Орав во седиштето на партијата во Тетово. Орав, како што соопшти ДУИ, истакнал дека средбата служи за размена на мислења пред објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија и за да се видат ставовите на ДУИ за случувањата во земјата.Ахмети, пак, зборувал за важноста на решавањето на прашањето за името, искажувајќи уверување дека новиот тим во Брисел ќе ги интензивира напорите за да помогне во решавањето на спорот што ќе ни овозможи добивање на датум за почеток на преговорите. Тој изразил уверување дека извештајот за напредокот ќе биде реална слика на состојбата во земјата и ќе ја содржи препораката за добивање на датум.Соговорниците исто така разговарале и за процесот на уставните измени, а во врска со измените на Кривичниот законик со цел да се спречи учеството на нашите граѓани во странски конфликти, Ахмети истакнал дека ДУИ се ангажира против било каков вид на екстремизам и злоупотреба на религијата за индивидуални или групни интереси. За отсуството на опозицијата од Собранието, претседателот на ДУИ рекол дека СДСМ и ДПА треба да го почитуваат својот дел од одговорноста за иднината на земјата и да се вратат во Парламентот што е можно поскоро.

XS
SM
MD
LG