Достапни линкови

logo-print

ЕБОР: Македонската економија со раст од три насто


Македонија и Косово во оваа и во наредната година ќе забележат најголем економски раст меѓу земјите во регионот, се вели во најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа. Македонската економија годинава ќе порасне за три проценти, а толкав раст се очекува и во наредната година. Поголем раст ќе има само Косово од 3 ипол насто. ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на повеќето земји во регионот. Србија и Хрватска годинава ќе бидат во рецесија. За целиот регион банката ја ревидира проекцијата од 2,2 на 1,9 насто.

XS
SM
MD
LG