Достапни линкови

ЕУ разочарана од Иран


Европската унија соопшти дека била разочарана од, како што се наведува, „многу ограничениот напредок што го направи Техеран во врска со отстранувањето на загриженоста за можните воени димензии на иранската нуклеарна програма“. Ова е соопштено на денешниот состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија што се одржува по вчерашниот состанок во Њујорк меѓу шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф. Иран и шестте светски сили утре во Њујорк треба да ги продолжат разговорите за постигнување постојан договор за нуклеарниот спор до 24 ноември годинава.

XS
SM
MD
LG