Достапни линкови

Подобри можности за вработување на младите во Европа


Околу двесте светски компании се здружија за да создадат подобри можности за вработување на младите. Цел на иницијативата е да им се помогне на невработените во Европа каде што секој четрвти меѓу младите под 25 години, нема работа. Во компаниите кои ја прифатија иницијативата се и Нестле, Адеко, Фејсбук, Гугл и Твитер. Тие ќе им обезбедат практична работа на младите што потоа им ја отвора можноста за постојано вработување. Се наведува дека на ваков начин во наредните години ќе бидат отворени над 100 илјади работни места.

XS
SM
MD
LG