Достапни линкови

Милитанти на Исламската држава освоиле курдски села во Сирија


Милитанти на Исламската држава освоиле курдски села во северниот дел на Сирија. Командантот на Курдските единици за народна заштита Очалан Исо денеска за новинската агенција Ројтерс изјави дека милитантите, со користење на тешка артилерија и тенкови, ја презеле контролата врз 16 села во близина на границата со Турција. Во почетокот на месецов курдските борци и другите бунтовници кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад објавија коалиција во справувањето со исламските милитанти.

XS
SM
MD
LG