Достапни линкови

logo-print

Бесими: важно е да има нова препорака од ЕК


вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими

вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими

„Членството во Европската унија останува наш врвен приоритет“, рече вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите во Скопје. Според него, извесно е дека за време на мандатот на новата Европска комисија ќе нема прием на нови членки, но како што изјави, конференцијата за Западен Балкан во Берлин, укажува дека регионот е дел од агендата на Унијата. Бесими додаде дека спорот за името со Грција останува да се реши во рамките на Обединетите нации. „Во секој случај се очекува поинтензивен дијалог за надминување на спорот. Важно е во претстојниот извештај повторно да има препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата“, рече Бесими.

XS
SM
MD
LG