Достапни линкови

Идниот амбасадор на САД во Македонија за името


„Ветувам дека ќе го искористам моето дипломатско искуство да и помогнам на Македонија која работи со Грција да најде заедничко прифатливо решение за името“. Ова го изјави наименуваниот американски амбасадор во Македонија Џес Липинкот Бејли на сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат. Според него, решението на спорот ќе биде клучен чекор кон зголемување на стабилноста и безбедноста на Македонија, Балканот и Европа. Тој додаде дека ќе работи и на охрабрување на сите партии во премостувањето на етничките поделби. „И додека Македонија развива силни демократски структури, Соединетите држави, Европската унија, други пријатели на Македонија и најважно, самите нејзини граѓани изразуваат загриженост за слободата на печатот, независноста на судството и транспарентноста на владините финансии“, оцени Џес Липникот Бејли, најавувајќи дека ќе се ангажира со лидерите и јавноста во земјата за спроведување на неопходните реформи. Пред наименувањето на оваа функција тој три години беше заменик американски амабсадор во Турција.

XS
SM
MD
LG