Достапни линкови

Временска прогноза-Променливо облачно


Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, а во јужните делови со повремен локален дожд и ретки грмежи. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени. За време на викендот и во понеделник во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.

XS
SM
MD
LG