Достапни линкови

Србија и Косово - Договор за слободно движење


Работните групи на Белград и Приштина постигнаа синоќа договор за слободно движење, кој се однесува на аеродромот „Никола Тесла“ и уште пет гранични премини меѓу Србија и трети земји, изјави Маја Кочијанчич, портпарол на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност.

Според соопштението, спогодбата би требало да биде спроведена во рок од два месеци. Членовите на работните групи, кои во Брисел преговараа на оваа тема не се обратија до јавноста, а во соопштението од Европската служба се наведува дека ова е уште една мерка, која би требало да придонесе за нормализација на односите и слободното движење на граѓаните.

XS
SM
MD
LG