Достапни линкови

Ходорковски:раката на Сечин е зад притворот на Јевтушенков


Mikhail Khodorkovsky

Mikhail Khodorkovsky

Поранешниот тајкун Михаил Ходорковски го обвини шефот на државниот нафтен гигант Роснефт, Игор Сечин, дека стои зад случајот во кој еден од најбогатите луѓе во Русија, Владимир Јевтушенков, е ставен во домашен притвор.

Ходорковски изјави за весникот Ведомости дека верува оти Сечин, моќен сојузник на претседателот Владимир Путин, сака да го спречи падот на производството на нафта со преземање на контролата врз Башнефт.

Владимир Јевтушенков е е осомничен за перење пари, во бизнисот со нафта во провинцијата Башкирија каде се наоѓа и седиштето на нафтената компанија Башњефт.Таа компанија е во сопсвеност на Јевтушенковата холдинг компанија Система. Руските медиуми објавуваат дека најголемата руска нафтена компанија Роснефт е заинтересирана за купување на Башњефт.

XS
SM
MD
LG