Достапни линкови

logo-print

Лавров - има шанси за спас на односите ЕУ - Русија


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека новите европски санкции против Москва ќе ги поткопаат напорите за ставање крај на конфликтот во Украина, но дека тие не се точка од која нема враќање во односите Русија-ЕУ.

Во интервју за шпанскиот весник "Ел Паис" Лавров рече дека санкциите испратиле сигнал на директна поддршка за војната во Украина но оти е убеден дека она што тој го нарекува "безбедносна мрежа" во односите Русија-ЕУ "ќе овозможи тие не само да се вратат на нивото пред конфликтот туку да се движат напред.

Според Лавров, прекин на огнот меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти генерално се одржува.

XS
SM
MD
LG