Достапни линкови

Давутоглу го покани Самарас на чај на Кипар


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера го посети турскиот дел на Кипар и рече дека грчкиот премиер, Андонис Самарас, треба да му се придружи токму таму на мировни преговори. Официјална Атина тоа индиректно го отфрли.

„Ако премиерот е подготвен, да одиме заедно на југ, да пиеме чај и разговараме за разни прашања. Потоа да одиме заедно на север. Ајде заедно тука да воспоставиме мир“, рече Давутоглу на прес-конференција.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека ги поддржува мировните разговори кои ги нагледуваат Обединетите нации, јави МИА од Атина.

Останува на Турција да придонесе за постигнување решение со преземање значајни иницијативи кои се однесуваат на суштината на проблемот: постоењето на окупациските сили; непочитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права и контрапродуктивниот став на турската страна на Кипар, изјави портпролот на грчкото МНР Константинос Кутрас.

XS
SM
MD
LG