Достапни линкови

Груевски на средби со турскиот државен врв


Премиерот Никола Груевски кој е во посетата на Република Турција денеска ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган и со својот колега, турскиот премиер Ахмет Давитоглу.

Груевски изминатите два дена во Турција учествуваше на бизнис форуми каде пред турските стопанственици беа презентирани поволностите што ги нуди Македонија за странските инвеститори,.

Делегација предводена од премиерот во која се и министрите без ресор за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Фуркан Чако, наредните денови ќе учествува и на бизнис форуми во Анкара, Адана и Мерсин.


XS
SM
MD
LG