Достапни линкови

Порошенко во посета на Канада и САД


Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска ја почнува посетата на Канада, каде се среќава со премиерот Стивен Харпер и други високи функционери во Отава. Во пресрет на државна посета на Порошенко Канада најави нови санкции против Русија поради нејзината улога во конфликтот во источниот дел на Украина. Санкциите се насочени против четворица руски генерали и неколку банки. Утре Порошенко ќе отпатува во Вашингтон на разговори во Белата куќа со претседателот Барак Обама.Неговата посета доаѓа еден ден откако Украинскиот Парламент го ратификуваше договорот за поблиски врски со ЕУ, и донесе закон со кој Украина им понуди "специјален статус" на источните региони.

XS
SM
MD
LG